Нови 389 случаи со Ковид-19, починати четири лица

10.02.2021 15:56

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.

Во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 140, Прилеп - 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 998 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 4 починати лица. Починати се по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г). Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.

Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на Ковид-19.