Како влијае околината врз гените?

10.02.2021 15:59

Дебатата вродено наспроти стекнато трае со децении меѓу научниците. Се повеќе научни истражувања покажуваат дека гените не ја одредуваат судбината на човекот туку опкружувањето и стилот на животот. Затоа во различна средина и двајца близнаци родени со исти гени, по извесен период ќе бидат различни.

Единствената комбинација на гени која ни е доделена како на лотарија одредува дали ќе бидеме ниски или високи, дали ќе имаме склоност кон наука, музика, уметност, спорт, дали имаме предиспозиции за одредени болести. Но, она што во моментов не прави тоа што сме, не се само гените. Денес знаеме дека создавањето на одреден фенотип од дадениот генотип зависи од интеракцијата меѓу самите гени, како и интерекција меѓу гените и средината. Постои можност за селективно користење на генетските информации односно вклучување и исклучување на одредени гени. Со откритието дека некои процеси со кои се активираат гените може да бидат и повратни, се отвораат бројни можности, но и прашања. Во која мерка и на кој начин влијае средината на генетската експресија е едно од прашањата што си го поставуваат научниците. На пример одредена траума може да остави последици на менталното и на физичкото здравје на личноста што доживеала трауматско искуство. Траумата предизвикува одредени хемиски реакции во ДНК во областите кои се определени за функционирање на имунолошкиот систем и за памтењето. Резултатите на најновите истражувања може да помогнат да за да се најде објаснување зошто луѓето со пострауматски стресни тешкотии, како на пример војниците, жртвите на силување, на земјотрес, често со години имаат лошо физичко здравје и ментални проблеми, посебно врзани со памтењето. Психијатарот Сандро Галеа-професор на универзитетот Колумбија во Њујорк, ги анализирал примероците на крв на 23 личности со пострауматски стрес и уште 77 без вакво пореметување. Анализата имала цел да утврди дали постојат битни разлики на ниво на супстанции од метил група која била додадена на различни гени. Така виделе дека функцијата на гените се зголемува или се смалува, односно се вклучува или исклучува, во случаите со пост-трауматски стрес. Тоа значи дека овие хемиски процеси го ослабувале имунолошкиот систем и го влошувале памтењето. Значајно е дека бројот на нападнати гени бил поврзан со бројот на трауматските искуства што ги доживеала личноста со пореметувањето- заклучува проф.Галеа. Тој е уверен дека неговото откритие ќе им помогне на луѓето со трауми со промена на метилацијата да можат барем прецизно да ја дијогностицираат состојбата, а понатаму да се спречат епигенетички промени. Научниците пак од Универзитетот Квинсленд во своите истражувања се обиделе да дознаат што точно ја одредува интелегенцијата. По анализите на резултатите на 2000 испитаници дошле до откритие дека гените одредуваат 40% од човечката интелигенција, а останатите 60 % зависат од влијанието на околината. Значи училиштето, образованието, родителите и исхраната се многу поважни за нивото на интелегенцијата отколку вродениот генетски код .

На свет доаѓаме со наследство, но потребно ни е искуство за да се изградиме како личност. Начинот на кој детето се однесува кон другите може да биде поврзан со начинот на кој детето искусило љубов од родителите и средината во која растело. Затоа семејството е најважниот модел во развојот на човекот особено во раното детство.генетските предиспозиици ако се надградата квалитетно се формира здрава и квалитетна личност.

Соња Стојановска