Нема потреба од паника околу британскиот сој, најбитни се мерките

10.02.2021 16:09

Нема потреба од паника, туку од почитување на мерките за заштита, порачуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје. 10-те случаи на британскиот сој на вирусот се само потсетување да не се опуштиме. Има благ пораст на тестирања и новозаразени, но нема да се достигне есенскиот пик. Од преку 4.600 случаи само четири се повторно инфицирани и се должи на индивидуален имунитет...

Има благ пораст на позитивни случаи, но не треба да се создава паника. Најбитно е да се почитуваат мерките, да нема групирања, констатираат епидемиолозите во прилепскиот Центар за јавно здравје по 10- те случаи на британскиот сој на коронавирусот.

Тројца се хоспитализирани, но со средна клиничка слика. Новиот сој кој брзо се шири има исти симптоми, не е од странски патувања и е една од причините, заедно со непочитувањето на мерките и групирањето, особено во угостителските објекти. Тоа се фамилијарни кластери, нема во работни средини.

Од 4.675 случаи досега, само четири повторно го прележуваат вирусот и тоа по повеќе од три месеци од првата инфекција. Сето зависи од индивидуалниот имунитет, па најбитни се мерките.

Од испитувањата на МАНУ се констатирани 20 мутации на вирусот, поледната е „британскиот сој“. Во Прилеп сега се активни 179 случаи, 22 се хоспитализирани. Од почетокот на пндемијата починале 240 лица.

 

Елизабета Митреска