Фудбал, Лига на шампионите, 1/8-финале, реванши

Челзи и Галатасарај за 1/4-финале, Реал пред формалност со Шалке

18.03.2014 11:26

Манчестер Јунајтед виси над амбисот, па од англиските екипи Челзи е со најреални шанси да ја продолжи авантурата во Лигата на шампионите. За премиерлигашите евросезоната обично трае многу подолго од средината на март, но овие две години е поинаку.

Опасното реми 1-1 од Истанбул пред три недели ги стави на крстопат лондонските „сини“. На Галатасарај му дадоа гол на гости, но ако и турскиот тим вечер го направи тоа на „Стемфорд Бриџ“, Челзи ќе се најде во многу незгодна позиција за да оствари пласман понатаму.

Во западниот дел на Лондон одново ќе се појави Дидие Дрогба, суперѕвездата којашто речиси цела деценија го носеше дресот на Челзи. Бран емоции ќе го преплави стадионот, кога и тој и сите на трибините ќе се сетат на придонесот на овој миленик на публиката во сите успеси на англискиот тим. За Мурињо и денес Дрогба е меѓу најдобрите напаѓачи на светот и се уште главен потсетник на победите во неговиот прв менаџерски мандат.

Во трите меѓусебни дуели досега, Челзи има две победи и реми, со седум дадени и само еден примен гол. Галатасарај никогаш досега не се радувал на осумте гостувања во Англија. Челзи нема пораз на последните седум нокаут-средби во шампионската лига. И додека „сините“ прими само четири ола сезонава во елитната конкуренција, турската екипа има најслаба одбрана. Голманите капитулираа дури петнаесет пати.

Бројките се на страната на Челзи, но четвртфиналето треба да го одработи и на терен.

Математиката е уште појасна на „Бернабеу“, но според најавите, Карло Анчелоти нема да го одмора најдобриот стрелец Кристијано Роналдо, иако Реал уште во првиот дуел обезбеди настап во наредната фаза со триумфот од 5-1 над Шалке во Гелзенкирхен, а в недела му претстои шпанското мегадерби со Барселона. Ќе паузираат други играчи, но не и Португалецот, кој има суперсезона и е на пат да урне неколку рекорди во Лигата на шампионите. Помирени со епилогот на двомечот, во германскиот тим не кријат дека во Мадрид доаѓаат по драгоцено искуство на младите играчи, но и да покажат дека сепак заслужено се наоѓаат меѓу најдобрите шеснаесет тима во Европа.