КОВИД-19

Над 2,3 милиони смртни случаи на глобално ниво

11.02.2021 10:17

Во светот од Ковид-19 починале над 2,3 милиони луѓе. Досега се регистрирани 107 милиони заболени, а 60 милиони успеале да се изборат со болеста...

Во светот од Ковид-19 починале над 2,3 милиони луѓе. Досега се регистрирани 107 милиони заболени, а 60 милиони успеале да се изборат со болеста.

Германија останува затворена до седми март. Приоритет за владата во Берлин е битката против мутациите.  Нов состанок е закажан за 3 март кога врз основа на епидемиолошката состојба ќе се одлучува за понатамошни мерки или укинување на постојните поврзани со патувања, работење на угостителски објекти и спортските објекти.