Субвенции за земјоделски задруги
Со 8,5 милиони денари годинава ќе се субвенционираат земјоделските задруги, нивното основање и работење. Средствата се неповратни, а можат да се искористат и за набавка на механизација каде што државата плаќа 90 проценти од трошоците, а кај осигурувањето покрива 70 насто од вредноста на полисата...

Право за користење на средствата од Програмата за руруален развој за 2021 година имаат сите земјоделски задруги кои се регистрирани во Регистарот на Министерството за земјоделство.
Средствата се неповратни, а ќе можат да се користат за основање и работење на земјоделски задруги, за покривање на нивните основни, административни и технички трошоци, за ангажирање на стручни лица, за просечната плата на управителот исплатена во дејноста во претходната година како и за ангажирање на еден вработен од областа на земјоделските науки и ветеринарството.
Трошоците за основање и функционирање ќе се исплаќаат по доставено барање за исплата во зависност од периодот. Од 1 јануари до 31 декември 2020-та, крајниот рок за исплата е до 31 март годинава. За периодот од 1 јануари до 30 јуни, исплата завршува до 30 септември и од 1 јули до крајот на оваа година, рокот за добивање на субвенциите е 30 март 2022 година.
За секоја мерка еден корисник поднесува посебно барање и тоа само по едно или најмногу 2 од другите мерки од Програмата.
Методија Трајков
