Наполи славеше во Торино, Пандев на клупата

18.03.2014 11:27

Екипата на Наполи освои три бода од Торино, по победата во 28 првенствено коло од “Серие А“ над истоимениот клуб со 1:0. Единствениот гол го постигна аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин во 90 минута, по асистенција на Словекот Марек Хамшик.

Горан Пандев беше на клупата за резерви, но не доби можност да заигра на натперварот. Македонскиот интернационалец сезонава одигра 22 натпревара и постигна 6 гола, со кои е на делба на третото место на листата на стрелци во Наполи, заедно со белгискиот репрезентативец Мертенс и Словакот Хамшик. Пред нив се Шпанецот Каљехон со 10, и Игуаин со 14 гола досега.

Тоа беше вкупно 17 победа на Наполитанците, кои се зацврстија на третата позиција на табелата со 58 бода, десет повеќе од Фиорентина, а 3 зад Рома, која има натпревар помалку. Фудбалерите на “волчицата“ ја одржуваат разликата пред конкурентот за директен пласман во Лигата на шампионите, со победата над Удинезе од 3:2. Стрелци за Рома беа Тоти, Дестро и Торосидис, а за тимот од Удине погодија Пинци и Баста.