Демократите објавија снимки со докази за насилства од поддржувачите на Трамп
Адвокатскиот тим на Трамп и натаму тврди дека процесот е политички мотивиран...

Сенаторите на второто судење за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажаа досега необјавени снимки на кои е евидентирано насилно однесување на неговите поддржувачи при упадот во Конгресот.
Повикувајќи се на реториката којашто 45. претседател ја користел и во говорите и на социјалните мрежи, демократите го прогласија за главен поттикнувач на нередите на шести јануари во кои загинаа петмина, вклучувајќи и полицаец.
Адвокатскиот тим на Трамп, кој и натаму тврди дека процесот е политички мотивиран и противуставен, ќе има излагање кон крајот на неделава. За да биде осуден, потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот. Во таков случај може да се соочи и со доживотна забрана за вршење јавна функција.
