САУДИСКА АРАБИЈА
Хутите од Јемен бомбардираа аеродром, нема повредени
11.02.2021 12:40
Арапската коалиција интервенираше откако Хутите ја урнаа владата во Сана во 2015 година...

Хутите од Јемен извршија напад врз аеродром во југозападниот дел на Саудиска Арабија при што беше опожарен цивилен авион. Во бомбардирањето нема повредени. Пред шест години, владата во Ријад почна воена кампања која ја уништи најсиромашната земја во арапскиот свет.
Бунтовниците тврдат дека аеродромот бил воена, а не цивилна цел. Портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори во Јемен претходно изјави дека нивните сили пресретнале и уништиле два дрона лансирани од Хутите кој југот на земјата.
