Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа

11.02.2021 14:41

Рестораните категоризирани за организирање свадби и други семејни свечености побаа од Владата итно донесување на посебен протокол што ќе овозможи нивно постепено активирање со почитување на сите предвидени мерки за безбедноста на гостите и на персоналот. Велат дека се единствени економски оператори во земјава кои што 11 месеци имаат забрана на вршење на основната дејност...

Рестораните категоризирани за организирање свадби и други семејни свечености побаа од Владата итно донесување на посебен протокол што ќе овозможи нивно постепено активирање со почитување на сите предвидени мерки за безбедноста на гостите и на персоналот. Велат дека се единствени економски оператори во земјава кои што 11 месеци имаат забрана на вршење на основната дејност. Притоа ови ресторани користеле парцијална државна помош за плати и придонеси во траење од 6 месеци.

11 месеци поминаа од корона вирусот, 6 месеци државата ни дава плата, а ние 6 месеци иако не работиме сами даваме плата од сопствен џеб што дополнително ни го отежнува нашиот бизнис. Еднократната парична помош што ни ја дадоа пред нова година со максимален износ од 10 илјади евра изнесува само 2 до 4% од вкупно остварениот промет што го имавме во 2019-та. Таа помош не е ниту минимално доволна за да ги сервисираме нашите огромни капацитети со кои што располагаме“, изјави Перица Голомеиќ-Туристичко угостителска комора.

Ние сме единстевена земја во регионот што нема протокол за органиизрање настани во вакви услови, а со 100 насто намален промет добивме исто пари како и оние фирми што имале пад од најмалку 30%, вели Голомеиќ, според кого директниот грант што го добиле е најмал од сите земји во регионот.

Има протоколи за тоа како да функционираат други угостителски објекти и според истиот модел може и ние да започнеме со работа, велат од Туристичко- угостителската комора, за веќе во мај и јуни да се премине во друга фаза и зависно од имунизацијата да се добие одредена либерализација во работењето.

Во барањето до Владата опфатени се сите мерки и за плати, грантови. Се е пратено и искомуницирано, но се одлучивме на ваков чекор гледајќи и слушајќи ги најавите за петтиот палет на мерки саскаме да изаплеираме на време ддоека не биде предоцна. Според министерството за економија има 132 категоризирани ресторани за 2019-та иако има одреден број кои работат во оваа дејснот но не се категоризирани затоа што законот кај нас не предвидува задолжителна категоризација“, изајви Мартин Ангеловски-подпретседател на Туристичко- угостителската комора при ССК.

Доколку не добијат позитивен одговор од Владата и дозвола за работа како другите ресторани, угостителите идната недела најавуваат масовен протест.

 

Свето Николовски