Победа за Шумахер
Како што се очекуваше, тимот на Мерцедес победата на австралиското гран при му ја посвети на Михаел Шумахер.
„Во текот на целиот викенд тoј беше во нашите мисли, победата е значајна за нас и му ја посветуваме на Михаел“-истакна шефот на Мерцедес,Тото Волф.

Да потсетиме, по враќањето во Ф1 Шумахер мина три сезони(2009-2012) во тимот на Мерцедес и со огромното искуство придонесе за развој на екипата што во Мелбурн го освои гран-прито на Австралија. Шумахер по скијачката несреќа и натаму е во болницата во Гренобл и се бори за живот, а малку надеж донесе последната официјална изјава за мал прогрес во неговата состојба.