30 фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на Деве Баир

11.02.2021 16:30

При контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни...

30 фалсификувани ПЦР тестови пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир.

При контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.

Од слобода биле лишени двајца албански државјани.