САД

Бајден ја стопира изградбата на ѕидот со Мексико

12.02.2021 09:38

Бајден смета дека указот на Tрамп е „неоправдан“ и дека парите на даночните обврзници повеќе нема да се трошат на тој ѕид...

Американскиот претседател Џо Бајден ја укина уредбата на неговиот претходник Доналд Трамп, кој прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, со цел да обезбеди финансирање за изградба на ѕидот долж границата со Мексико.

Бајден смета дека указот на Tрамп е „неоправдан“ и дека парите на даночните обврзници повеќе нема да се трошат на тој ѕид.

Во 2019-та година, Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница, што му овозможи да го заобиколи конгресот, кој не ги одобри парите за изградба на ѕидот и да земе средства од воениот буџет.