Беса Адеми избрана за претседател на Врховниот суд

12.02.2021 12:41

Со 12 гласа „за“ и еден „против“, судијката Беса Адеми е избрана за нова претседателка на Врховниот суд. Мнозинството членови на Судскиот совет донесе одлука да ѝ даде поддршка, во однос на противкандидатите, Лидија Неделкова и Џемали Саити. Адеми има повеќе од 16 години судиско искуство, а во Врховниот суд е вработена од 2009-та година. Се избира за мандат во траење од четири години…

Со 12 гласови „за“ и еден „против“, судијката Беса Адеми е избрана за нов претседател на Врховниот суд. Мнозинството членови на Судскиот совет одлучија да ѝ дадат поддршка во однос на противкандидатите Лидија Неделкова и Џемали Саити. Зад себе Адеми има повеќе од 16 години судиско искуство, а во Врховниот суд е вработена од 2009-та година.

Освен што има долгогодишен судиски стаж, положен психолошки и тест за интегритет, во прилог на нејзиниот избор е и фактот што е жена.

Единствен член кој гласаше против изборот на Адеми е судијата Мирсад Сурои, кој истакна дека не би гласал за ниеден од предложените кандидати.

Анита Димитријевска-Велковска