Ковид-19

Мутираниот вирус пристигна во Гевгелија, регистрирани случаи на повторно инфицирање

12.02.2021 12:27

Мутираниот вирус пристигна и во гевгелија, а регистрирани се и првите два случаја на реинфицирање на пациентите со Ковид-19. Тие биле асимптоматски, и ги откриле со редовен скриниг...

Два случаја на реинфицирани пациенти со Ковид- 19 веќе се регистрирани во гевгелискиот Ценатар за јавно здравје. Епидемиологот Олумчев вели дека биле асимптоматски, а ги откриле со редовен скриниг.

Д-р Олумчев, очекува дека бројот на новозаразени ќе се зголемува во наредниот период, а станува збор за мутиран вирус кој е повирулентен, побрзо се пренесува, но симптоматологијата е иста како и кај „обичниот“ Ковид-19.

Лек сѐ уште нема против новиот вирус, но создавањето на вакцината е алтернатива во борбата против вирусот. Ги запрашавме граѓаните дали ќе се вакцинираат оти истата засеага е на доброволна основа.

Неофицијално, случаи на реинфицирање со Ковид- 19 се регистрирани и во Центарот за јавно здравје- Струмица.

Стојне Митева