Запленети 10 килограми хероин на граничниот премин „Богородица“
18.03.2014 11:42
Според првичните информации, дрогата ја набавиле во Турција, а преку Грција сакале да ја пренесат во земјава...

Во рацете на полицијата паднаа 10 килограми хероин. Ја пренесувале двајца чаирчани со Мерцедес. Уапсени се на граничниот премин Богородица изутрината кога се обиделе да ја минат со 20-тина пакувања.
Според првичните информации, дрогата ја набавиле во Турција, а преку Грција сакале да ја пренесат во земјава.
Двајцата се на распит. Се очекува судија на претходна постапка да одлучи дали ќе определи мерка притвор, затоа што очигледно станува збор за меѓународен канал од Турција.
Наташа Гркова- Петрушевска
