Стивна пандемијата во струшко, намален бројот на заразени и хоспитализирани
Стивна пандемијата во струшко. Значително е намален бројот на новозаразени и хоспитализирани пациенти во болниците во Вевчани и Струга...

Стивна пандемијата во струшко. Само три пациенти со корона вирус се лекуваат во ковид амбулантата во општина Вевчани. Состојбата е стабилна, вирусот веќе не се шири, на подрачјето на селата Лабуништа, Октиси, Татеши, Подгорци и Велешта.
Досега не се регистрирани ниту заболени со британскиот сој на вирусот , кој во моментов е најзастапен во Охрид.
„Состојбата е стабилизирана, епидемиолошки сликата е под контрола. Во моментов во Вевчани имаме тројца активни позитивни во дневната болница во ковид амбулантата, а на територијата што ја покриваме се 15 лица“, вели Јован Стојкоски, директор на здравствен дом „С-р Светозар Чочороски“- Вевчани.
Во вевчанскиот регион досега беа лекувани 250 заболени од корона вирусот, најркитично беше во Лабуништа, а смртноста е околу 4 %, доста поголема во однос на нивото во земјава.
„Голема бројка за нас со голед на капацитетите што ги имаме навистина голема бројка. Тоа е некаде 90% од вкупниот број на пациенти во болницата отпаѓаат на ковид пациентите“, додава Стојкоски.
И во Струга состојбата со корона вирусот е стабилизирана, таму моментално се лекуваат само 15 пациенти. Модуларната болница е веќе подготвена, но таа нема да биде ставена во функција сѐ додека нема забележителен пораст на заболени со корона вирусот.
Соња Рилковска
