Објавена монографија по повод 30 години од осветувањето на Соборниот храм
По 30 години од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан објави монографија за која рече дека е потсетник за помладите генерации. Настанот од 12 август 1990 предизвика семакедонска радост. Го собра македонскиот народ од сите краеви на нашата земја, а храмот стана белег на нашата култура...

Од каде и да се тргне- од серско до тетовско, или од костурско до горноџумајско, или само низ овој дел што претставува суверена и независна македонска држава, насекаде Македонија е земја накитена со најубав украс, со светилишта, со храмови и со манастири, со што таа целата е дом божји и врата небесна. Ова е почетокот на монографијата на поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан за 30-годишнината од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
Како народ македонски, меѓу првите народи на Балканот, па и во Европа, сме разбрале и живееме со таа вистина дека црквата христова е центарот на вселената и дека сите народи се повикани да влезат во неа. И секој храм и секој манастир се сведоштво за животот во верата на нашиот христољубив народ- пишува во монографијата за Соборниот храм.
Александра Спировска
