Антикорупциска отвора предмети за тројца пратеници и министер

12.02.2021 14:51

Антикорупциска отвора предмети за тројца пратеници и министер. По стапување на функција во нивни фирми поставиле роднини за директори. Комисијата ја отфрли пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за „Еленица“ и „Тотал инженеринг“. Не било потврдено влијание од премиерот Заев...

Антикорупциска отвара предмети за тројца пратеници и министер затоа што по стапување на функција, во нивни фирми на чело поставиле сопружници и роднини. Со тоа, велат членовите на Комисијата за спречување на корупција го прекршиле законот.

Отфрлена пријавата од ВМРО- ДПМНЕ против премиерот Зоран Заев за судир на интереси и корупција која се однесува на доделување на концесии за ископ на глина на фирмите „Еленица “ и „Тотал инженериг“ сопственост на неговиот брат и братучед.

Антикорупциска ќе поведе прекршочна за две советнички во општинскиот совет кои работеле во градинка и не се изземале на седница на советот каде се гласало токму за таа јавната установа.

Антикорупционерите го усвоија образецот според која ќе се оценуваат пртедметите, дали има надлежност да се постапува по нив. Со тоа, како што велат ќе им се олесни работата од напливот на предмети стасани на нивна адреса.

 

Наташа Гркова- Петрушевска