Заев: Вакцините не стигнаа бидејќи се подготвува документацијата од „Фајзер“ кон Србија
Вакцините не стигнаа, бидејќи се подготвува документацијата од „Фајзер“ кон Србија. Целта е прво да стигнаат 4.000 вакцини, па уште толку, изјави премиерот Заев. Вели, раководсвото на Србија сака поскоро да ни даде вакцини и затоа излегле со најава за испораката. Не стивнуваат рекациите од ВМРО-ДПМНЕ, зошто во земјава сѐ уште не е почнат процесот на имунизација...

Македонија сѐ уште чека вакцини. Се надеваме ќе стигнат час поскоро, најави преимерот Заев. Вакцините од Србија не стигнаа, бидејќи, како што рече, се подготвува документацијата од „Фајзер“ кон Србија. Целта е прво да стигнаат 4.000 вакцини, па уште толку.
Според премиерот, раководсвото на Србија сака поскоро да ни даде вакцини и затоа излегле со најава за испораката. Првиот договор со „Фајзер“ забранувал реекспорт, односно продавање на друга земја, па затоа Србите решија да ги донираат само да почне процесот на вакцинација во Македонија. За жал сѐ уште се чекаат одбрувања од „Фајзер“, изјави премиерот.
Не стивнуваат рекациите од ВМРО-ДПМНЕ, зошто во Македонија сѐ уште не се стигнати вакцините и не е почнат процесот на имунизација.
Пунктовите за вакцинација се подготвени. Сајтот „вакцинација.мк“ функционира. Од првата пратка вакцини ќе се вакцинираат здравстевните работници и повозрасни од 70 години.
Наташа Јанчиќ Менковски
