Нови 367 случаи со Ковид-19, починати пет лица

12.02.2021 15:42

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово - по 14, Гостивар и Неготино - по 12, Штип и Гевгелија - по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по - 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 202 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19.