Дебата за државната матура
Во Собранието, дебата за полагањето на државната матура, по иницијатива на Клубот за младински прашања и политики. Од Сојузот на средношколците остануваат на барањето, наместо четири да полагаат два предмета за државна матура...

Да се полагаат два екстерни предмети и да се извлече просечна оцекна за два интерни за сите четири години е прифатливо решение за средношколците, посочија од Сојузот по дебатата во Собранието. Ова произлегува по предлогот на Министерството за образование, средношколците да полагааат два екстерни и два интерни предмети. Дел од пратениците со поддршка до матурантите.
Од Сојузот на средношколци велат дека ќе се разговара за компромисното решение кое ќе биде доставено до МОН. Се надеваат дека институциите ќе ги поддржат. Претседателот на Сојузот, Ходаи вели дека доколку не се изнајде решение мартовското кампување пред МОН останува отворена опција.
Матурантите пред 14 дена го ставија бојкотот во мирување и се вклучија во онлајн наставата. Лани државната матура не беше реализирана поради пандемијата. Владата и МОН одлучија за генерацијата 2019/2020 да нема матурски испит.
Дијана Ценевска
