Нови 180 случаи со Ковид-19, починати 13 лица

14.02.2021 15:54

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 206 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември.  Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.