Снегот го отежна движењето
Снегот ги отежна движењето на граѓаните и сообраќајот во земјава. Патиштата и централните булевари проодни, споредните улици подмрзнати, тротоарите затрупани. Службите на терен, опозицијата обвинува за неефикасност...

Скопје наликува на зимска бајка. И додека најмладите му се радуваат на снегот, пешаците и возачите се движат со големи тешкотии, особено по споредните улици и тротоарите.
Возилата или едвај или воопшто не се движат по споредните улици, пешаците со огромни маки се пробиваат низ неисчистениот снег и подмрзнатите патчиња. Граѓаните со кои поразговаравме велат, иако снегот одамна беше најавен, малку е направено.
Од Град Скопје, по состанокот на Кризниот штаб, информираат дека сите градски улици и булевари се исчистени и проодни, и дека продолжува да се чистат пешачките зони и тротоарите од скопските улици. Оттаму потсетуваат дека во нивна надлежност се само булеварите и поголемите градски улици, додека останатите се во надлежност на општините. Токму на ова, забелешки имаше и опозицијата, која смета дека скопските градоначалници потфрлиле.
Студеното време ќе продолжи и во наредните денови, со температура во минус, а метеоролозите најавуваат постепено затополување од четврток.
Марија Котовска
