Економија

Се намалуваат злоупотребите на државната помош

14.02.2021 16:53

Даночниците ги засилуваат контролите – се немалува бројот на компании кои ја злоупотребуваат државната помош. Останаа уште 258 работодавачи кои земале пари, а не поделиле плати...

Намален е бројот на фирми кои добиле помош од државата, а не им исплатиле плати на работниците. Според последните податоци на Управата за јавни приходи, остануваат уште 258 работодавачи кои зеле пари од буџетот, но не ги проследиле до вработените.

Директорката на УЈП, Лукаревска вели дека јавното објавување на компаниите и засилените контроли со Инспекторатот за труд даваат резултат.

Субвенцијата на плати продолжува и со петтиот пакет економски мерки, чијашто финална верзија владата ја претставува пред социјалните партнери. Компаниите ќе може да добијат или помош за плати или бескаматни кредити.

Новиот пакет ќе содржи 30 мерки, чија цел, како што рекоа надлежните е да се задржат работните места, да се подобри ликвидноста на компаниите, но и да се обезбеди директна помош за граѓаните.

 

Миле Ристески