Извоз на мебел во ЕУ само од сертифицирани шуми

18.03.2014 12:00

Произведувачите на мебел од Македонија од оваа година  ќе се соочат со проблеми во извозот во земјите од Европската унија, доколку земјава не започне веднаш да ги сертифицира шумите, предупредува организацијата „Поврзување природни вредности и луѓе“.

Според европската регулатива усвоена во март 2013 година се бара длабинска анализа на потеклото на секој производ од дрво што се увезува во ЕУ, а земјите од соседството веќе ја завршиле обврската и ги сертифицирале оние шуми кои се користат како суровина за мебел.

Канцеларијата на „Поврзување природни вредности и луѓе“ на 25.03 во Скопје ќе организира регионален семинар за сертификација на шумите од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, на кој учесниците ќе имаат можност да го споделат искуството и предизвиците од овој процес.