„Vakcinacija.mk“ достапна и на албански јазик, 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање

15.02.2021 09:47

На оваа веб-страница 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање. На овој начин, тие се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент.

Веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/, соопштуваат од Министерството за здравство.

На оваа веб-страница 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање. На овој начин, тие се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент.

Преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. „Мој Термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава.

Вчера во земјава пристигна првата пратка 4.680 од вкупно 8.000 Фајзерови вакцини против Ковид-19 од Република Србија. Во текот на денешниот ден ќе заврши и регуларната процедура во МАЛМЕД, а од среда вакцинацијата почнува со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје.

Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.