КОСОВО

Курти: Изборите се референдум за нашето враќање на власт

15.02.2021 10:21

Според прелиминарните резултати, „Самоопределување“ е во големо водство пред Демократската партија на Косово, владејачката Демократска лига и Алијансата за иднината на Косово.

За Албин Курти, лидерот на „Самоопределување“,  предвремените парламентарни избори биле референдум за враќање на неговата партија на власт.

Според прелиминарните резултати, „Самоопределување“ е во големо водство пред Демократската партија на Косово, владејачката Демократска лига и Алијансата за иднината на Косово.

Партијата освоила над 48% од гласовите со што добива 55 пратенички места. Правдата и вработувањето се меѓу неговите главни приоритети.