Фудбал

Виљаш-Боаш на клупата на Зенит

18.03.2014 12:04

Андре Вилаш-Боаш го наследи Лучано Спалети во Зенит.Според договорот со клубското раководство, 36-годишниот португалски тренер на клупата на рускиот првак ќе биде до крајот на фудбалската 2015/2016 година.

Спалети после четири години минати на кормилото на Зенит замина, оставајќи му во наследство на клубот од Санкт Петербург две титули во шампионатот на Русија. Последните „несоодветни“ резултати за реномето на Зенит, особено поразот со 4:2 од Борусија Дортмунд во 1/8 финалето одЛигата на шампионите, го забрза заминувањето на Спалети.

Андре Виљаш-Боаш пред три месеци се раздели со Тотенхем.На „Вајт Харт Лејн“ работеше неполни две сезони, почнувајќи од 2012 година.Претходно по една сезона беше „во дресот“на Академика, Порто и Челзи.

Виљаш-Боаш со работа во Зенит ќе започне на 20 март.