КОВИД-19

Макрон: Поголема вклученост на Кина и Русија

15.02.2021 10:44

Претседателот Емануел Макрон одржа неколку средби со директорите на фармацевтските индустрии и медицински експерти со кои разговарал за борбата против нееднаквоста во пристапот до вакцините.

Франција бара интензивирање на меѓународните напори за достава на вакцините против ковид-19 во сиромаштните земји, и поголема вклученост на Кина и Русија.

Претседателот Емануел Макрон одржа неколку средби со директорите на фармацевтските индустрии и медицински експерти со кои разговарал за борбата против нееднаквоста во пристапот до вакцините.

Механизмот КОВАКС поддржан од ОН се спроведува со забавено темпо поради недостиг од средства и неподготвеност на некои од големите светски сили.

Макрон очекува и вакцините од Кина и Русија да се вклучат повеќе во мултлатералниот напор против пандемијата.