Попоски во Кичево ги најави реформите во МНР

18.03.2014 12:08

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ги најави реформите кои што ќе се воведат во министерството, меѓу кои се и задолжителното владеење на англискиот јазик од страна на дипломатите, како и други светски јазици. Ова шефот на дипломатијата  го најави при настапот во една локална телевизија во Кичево.

Тој зборуваше за улогата на економските промотори во привлекувањето на странски инвеститори, односно во претставувањето на земјата како место погодно за водење бизнис.

Во однос на евроатлантските интеграциски процеси, Попоски потенцира дека тие се многу битни за земјата, бидејќи  членувањето во НАТО и ЕУ ќе придонесе странските инвестици уште повеќе да се зголемуват.

Попоски се осврнал и на односите со соседните земји.