Заев: Мнозинството во Парламентот може само да се зголемува, а не да се намалува

15.02.2021 15:10

Заедно со локалните нема да се одржат и предвремени парламентарни избори, дециден е премиерот Заев кој смета дека владата треба во четири годишен мандат да ги спроведе зацртаните економски политики и реформи. Вели дека ова е усогласен став со партнерите на мнозинството...

Заедно со локалните нема да се одржат и предвремени парламентарни избори, дециден е премиерот Заев кој смета дека владата треба во четири годишен мандат да ги спроведе зацртаните економски политики и реформи. Вели дека ова е усогласен став со партнерите на мнозинството, притоа одбивајќи го предлогот на опозиционерот Мицкоски кој бара предвремени парламентарни избори поради, како што вели, водење на државата од најнеспособната влада. Од друга страна, Заев не стравува за тесното парламентарното мнозинство за кое вели, може и да се зголеми.

Пари за спроведување на локалните избори има и за тоа ја известив Државната изборна комисија, вели министерот Бесими.

Оваа информација за МТВ ја потврди и претседателот на ДИК, Даштевски. Парите се префрлени, дополни, но што се однесува до дигиталниот терминал, најави средба со министерот за внатершни на која треба да се разговара за спроведувањето на предлог на ДИК.

Инаку, Заев е цврсто решен и пописот на население да се спроведе во април, иако опозицијата бара одложување за една година, а на можни месец или два поради пандемијата се согласува и шефот на државава Пендаровски.

Според Заев, со пописот ниту некој политички ќе добие ниту ќе загуби. Важно е, според премиерот, институциите да добијат податоци за развој на земјата.

 

Миле Ристески