Здравствените домови се подготвуваат за имунизација на граѓаните
Постоечките Оддели за имунизација во Здравствените домови се подготвуваат и кадровски и просторно да одговорат на потребите на граѓаните кои ќе се пријават за вакцинација од Ковид- 19. Велат дека ги немаат деталните протоколи, но ги имаат сите предуслови за реализација на имунизацијата веднаш штом ќе се обезбедат вакцини...

Во очекување на вакцините, Здравствените домови се подготвуваат за имунизација на граѓаните. Здравствениот дом во Делчево, со два вакциналени пункта, во Делчево и Македонска каменица, е подготвен да изврши имунизација на граѓаните за неколку дена.
Во периодот кога ќе се реалзира имунизацијата од Ковид- 19, заради просторните услови во делчевскиот здравствен дом, ќе се одложи за неколку дена редовната вакцинација на бебињата.
Имунизацијата не е задолжителна, но добар дел од граѓаните кои ги анкетиравме, планираат да се вакцинираат, а по доаѓањето на првите вакцини, веќе денес одат кај матичните лекари да се пријават.
Додека здравствените домови се подготвуваат за вакцинирање на граѓаните, матичните лекари велат дека системот со закажување на термин за имунизација е со низа недостатоци и за нив е голем административен товар. Сметаат и дека не е во ред тие да дават мислење дека некој пациент е безбедно да прими вакцина, без да се изврши сеопфатен преглед на неговата здравствена состојба.
Славица Величковска
