Германска поддршка за обновливи извори на енергија
Со германски грант од 2,4 милиони евра ќе се работи на енергетска транзиција, премин од традиционални кон обновливи извори. Ќе се финансира изработка на физибилити студија, рехабилитација на шест големи хидроелектрани, меѓудругото и проценка на влијание врз животната средина за фотоволтаичните електрани...

Со германски грант од 2,4 милиони евра ќе се работи на енергетска транзиција, премин од традиционални кон обновливи извори. Ќе се финансира изработка на физибилити студија, рехабилитација на шест големи хидроелектрани, меѓудругото и проценка на влијание врз животната средина за фотоволтаичните електрани во РЕК Битола. Парите што ќе ги користи ЕСМ се обезбедени преку Германската банка за развој.
Од Владата велат дополнително ќе имаат на располагање и 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетски објекти. Инвеститорите пак бараат државата да создаде амбиент. Интерес во инвестиции на електрани на обновливи извори на енергија има, сега само 18 проценти работат на овој начин. Ако се изградат уште 200, придобивките на државата би достигнале 360 милиони евра од ангажман на домашни градежни фирми, надоместоци, концесии.
Од Групацијата при Стопанската комора велат, ако се стави клуч на врата на сите електрани- загадувачи , ќе мора да увезуваме 67 проценти од потребната електрична енергија што државата ќе ја чини речиси 190 милиони евра. Во земјава сега 64 насто од постојните не користат обновливи извори. Инвестициските проекти што државата ги планира во следните пет години ќе се финансираат со над половина милијарда сопствени средства од ЕСМ, дел кредити од европските финансиски инвестиции, дел преку јавното- приватно партнерство.
Сузана Фиданска Стоевска
