Откуп на тутун до крајот на март
До крајот на март ќе се продолжи откупот на тутунот, договорено е на средбата меѓу производителите и откупувачите со ресорниот министер Хоџа...

До крајот на март ќе се продолжи откупот на тутунот, договорено е на средбата меѓу производителите и откупувачите со ресорниот министер Хоџа. Реколтата треба да се преземе до крајот на неделава, а во наредната се очекува да почне откупот на вишокот.
Тутунарите не се согласуваат 5-те милиони евра од ковид- мерката да се користат за покривање на разликата во цената. Според нив, понижувачки е да добијат по 10 до 12 денари за килограм, како што се предвидува. Тутунарите не се задоволни ниту од годинашната проценка, за која сметаат дека е нереална.
Проблемите на македонските тутунари во последниве месеци ескалираа и се надвор од контрола, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија поднесе предлог за измени на Законот за тутун во скратена постапка за продолжување на рокот за откуп и сигурност при склучување договори за откуп.
Марија Котовска
