Собранието ќе ја одржи 34-тата седница

16.02.2021 09:30

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлог законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, за предлог измените на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир...

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 34 седница, на чиј дневен ред се 67 точки. 

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлог законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, за предлог измените на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за здравствената заштита,…

Како последна 67 точка е Информацијата за нацрт Концепција за основно образование.