Седници на две собраниски комисии
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да ги разгледааат годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Судскиот совет на Република Македонија, на Државната комисија за одлучување во управна постапка...

Во законодавниот дом денеска ќе заседаваат две собраниски комисии. Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да ги разгледааат годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Судскиот совет на Република Македонија, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година, како и Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
Комисија за труд и социјална политика, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање.
