Велика Британија

Откриен нов вид на вирусот кој се проширил во 10 земји

16.02.2021 10:01

Минатата година во декември во Велика Британија беше откриен новиот сој на мутираниот коронавирус, за која се смета дека позаразен за 70 насто од изворната варијанта.

Истражувачите од универзитетот во Единбург идентификуваа уште еден сосема нов вид на коронавирусот во Велика Британија, кој веќе се проширил во десет земји во светот, најмногу во Данска каде имало 35 случаи, потоа во Велика Британија – 32, во Нигерија – 12, во САД – 7, Франција – 5, Гана – 4, во Австралија, Канада и Јордан по 2 и еден случај во Шпанија.

Минатата година во декември во Велика Британија беше откриен новиот сој на мутираниот коронавирус, за која се смета дека позаразен за 70 насто од изворната варијанта.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја поздрави одлуката на британскиот премиер Џонсон за заедничка работа на договорот за пандемијата. Претходно Џонсон изјави дека е подготвен за усвојување глобален договор за пандемијата со кој државите би се обврзале на меѓусебна размена на информации.

Во меѓувреме СЗО одобри уште една вакцина за итна употреба.