Избрани 18 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

16.02.2021 10:17

Жири- комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15-ти март...

Жири- комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 41 роман, избирајќи 18 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири- комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15-ти март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22-ри пат.