Масовна тепачка синоќа во Скопје

18.03.2014 09:06

Доцна синоќа во центарот на Скопје се случила масовна тепачка меѓу две поголеми групи.

МВР приведе три лица. Во тепачката едно лице е повредено со убоди на нож и е префрлено во ургентниот центар.

Полицијата го потврди инцидентот кој се случил меѓу две групи, но без детали за причините за немилиот настан.

Според првичните информации тепачката најпрвин почнала во старата Скопска чаршија, па продолжила преку камениот мост, сé до булеварот ВМРО.

МВР детали најави во текот на денот.