САД
Ќе се формира независна комисија за испитување на немирите во Капитол
16.02.2021 10:41
Двопартиската поддршка за независна комисија се зголеми по ослободителната пресуда за поранешниот претседател Доналд Трамп на судењето за импичмент на 13 февруари.

Конгресот ќе формира независна комисија за испитување на нередите што се случија во Капитол во САД на 6 јануари. Спикерот на Претставничкиот дом, Пелоси најави дека комисијата ќе ги испита фактите и причините што се однесуваат на „домашниот терористички напад“ и „мешањето во мирниот трансфер на власта“.
Двопартиската поддршка за независна комисија се зголеми по ослободителната пресуда за поранешниот претседател Доналд Трамп на судењето за импичмент на 13 февруари.
Неколку републиканци изјавија дека ја поддржуваат истрагата.
