Македонија во жолта алертна фаза, во Битола измерени -22 степени

16.02.2021 12:44

Изутрина најстудено во Битола, минус 22 степена. Од Министерството за здравство со препораки за носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста конзумација топли напитоци...

Поради ниските температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржат до сабота, Македонија влегува во жолта- алертна фаза.

Изутрина најстудено во Битола, минус 22 степена. Од Министерството за здравство со препораки за носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста конзумација топли напитоци, избегнување алкохол бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, а хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгавите површини.