Ракетен напад врз американска база во Ирак

16.02.2021 12:07

Американската коалиција во Ирак соопшти дека станува збор за најтешкиот напад врз коалициските сили за една годинa...

Едно лице загинало во ракетен напад врз американска воена база во северен Ирак. Петмина биле повредени, вклучително и еден припадник на американските сили.

Американската коалиција во Ирак соопшти дека станува збор за најтешкиот напад врз коалициските сили за една година, среде ескалација на напнатоста меѓу американските сили, нивните ирачки и курдски сојузници и ирачките милици.