И Приднестровие сака со Русија
По Крим и непризнатата држава Приднестровие сака да влезе во составот на Руската Федерација, поради што поднела барање до руската Дума да и биде овозможена ваква опција.
Некои аналитичари претходно предупредија дека референдумот во Крим може да покрене процес на интеграција со Русија на спорните територии од источна Европа, и дека е можно следна територија која ќе побара присоединување со Русија да биде Приднестровие.

Според пишувањата на медиумите, раководството на Приднестровие очигледно инспирирано од акцијата на Симферопол да се соедини со Русија апелирало до руската Дума да го прошири основот за руско усвојување на нови територии. Приднестровие 50 години била во составот на Молдавија, а по распадот на СССР областа се отцепила. Со руска поддршка, Приднестровие во 1992 прогласила независност, но меѓународната заедница не ја призна. На референдумот во 2007, 97 насто од граѓаните се изјасниле за присоединување со Русија која финансиски го поддржува Приднестровие.