Завршни зборови на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“
Обвинителката Ристоска посочи дека не станува збор за сценарио од филм, ниту за крими роман, туку за афера за која постојат материјални докази, а и искази на сведоци кои го потврдиле тоа.

Во скопскиот Кривичен суд, завршни зборови на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени над 4.000 телефонски броеви, без судски наредби. Со прислушувањето, директно и индиректно биле опфатени околу 20 илјади граѓани.
Обвинителката Ристоска посочи дека не станува збор за сценарио од филм, ниту за крими роман, туку за афера за која постојат материјални докази, а и искази на сведоци кои го потврдиле тоа.
Во случајот првообвинет е екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција и им се суди во отсуство.
Меѓу обвинетите е и поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од управата.
