ИЈЗ: Се намалува бројот на починати од Ковид-19
Пријавени се 43 смртни случаи од 14 градови, со намалување од 34,8%, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лицa биле над 60 години, 4 лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице на возраст од 40 до 49 години.

Во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали, а регистрирани сe 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, што претставува зголемување од 5,3%, во однос на минатата недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, додека највисока неделна инциденца од е регистрирана во Кавадарци. Процентот на позитивност се движи од 6,8 до 16,6%, просечно 12,9%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.
По добиени два негативни теста за присуство вирусот или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 43 смртни случаи од 14 градови, со намалување од 34,8%, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лицa биле над 60 години, 4 лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице на возраст од 40 до 49 години.
Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство, соопштуваат од Министерството за здравство.
