Тенис

На ред е Мајами 1.000-ката

18.03.2014 12:59

Kој по нов трофеј, кандидати има. Од четврток, вториот Мастерс од серијата 1.000 во Мајами е на ред.

Енди Мареј(6) го брани тронот, Новак Ѓоковиќ (2) по победата во Индијан Велс оди повторно по уште еден кристал, досега има собрано три од Флорида. Рафаел Надал (1) оди конечно по четирите само партиципирања во финалињата и да слави. Меѓу нив и Рожер Федерер(5), сеуште со борбен и убиствен жар, тој нема победа во Мајами од годините 2005-та и 2006-та.

Како стојат работите по жребот. На иста линија се наоѓаат Ѓоковиќ, Мареј и Федерер. За србинот ќе биде лесен првиот дел, веќе во ¼ финалето може да се сретне со бранителот на Мајами, Енди Мареј, а во 1/2 финалето со Роже Федерер. Кај швајцарецот е можен дуел и со Ферер(4), ланскиот финалист. Со светскиот рекет број еден, Надал оваа тројка во зависност кој би стигнал до финалето, дури таму може да се сретне.

И шпанецот нема баш лесен пат до полседниот меч на Флорида. Сигурно ќе игра како за почеток или со ветеранот Хјуит или Хасе, за потоа да следи дуел со незгодниот Турсунов. Во ¼ финалето има евентуален меч со Дел Потро(8).

Уживањата од Мастерс сериите 1000 и натаму можност да се видат ексклузивно на МРТ.