Откриена уште една нелегална гинеколошка ординација во Струга
Здравствените инспектори вчера по двочасовно преговарање со сопствениците, заедно со полицијата, влегоа во објектот каде затекнале опремена ординација за гинекологија и акушерство.

Втора нелегална гинеколошка ординација откри Државниот здравствен и санитарен инсректорат во Струга. Лекарка, вработена во струшката болница, приватно, нелегално работела во ординација на име на пензиониран лекар. Здравствените инспектори вчера по двочасовно преговарање со сопствениците, заедно со полицијата, влегоа во објектот каде затекнале опремена ординација за гинекологија и акушерство.
Објектот воопшто не бил обележан за дејноста. При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски. Наведената приватна здравствена установа има решение од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови за вршење на гинеколошко акушерска дејност, но во моментот нема носител на дејноста бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година, стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспектрат.
Ова е втора нелегална гинеколошка ординација откриена и затворена во Струга. Првата пред еден месец беше во сопственост на директорот на струшката болница.
Докторката од Струга со кратка порака до јавноста информира дека после пензионирањето на докторот таму не се вршеле гинеколошку прегледи, туку просоторт се кроистел како магацин.
ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за тоа, а истовремено ќе бара одземање на дозволата за работа.
Соња Рилковска
