Нови 358 случаи со Ковид-19, починати пет лица

16.02.2021 16:13

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.

Во последните 24 часа се направени 2.275 тестирања, а регистрирани се 358 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5,  Струмица и Гевгелија – по 4,  Струга, Делчево и Валандово - по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип - по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 341 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по 1 пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г) . Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.

Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19.