Стартува вакцинацијата на здравствените работници
Првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници, од вкупно 4.000 пријавени за вакцинација. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје ќе почне процесот на имунизација во земјава. Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
За министерот за здравство Венко Филипче, со почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 почнува последната фаза во битката со пандемијата.
Првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници, од вкупно 4.000 пријавени за вакцинација. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.
Министерот за здравство, Филипче информираше дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите дози на вакцини од Србија, а според последните информации од производителот, поради тамошните празници до крај на месецов во земјава треба да пристигнат и кинеските вакцини. Согласно планот, дневно ќе се вакцинираат помеѓу два и четири илјади лица.
Досега над 70 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање, 50 илјади преку онлајн апликацијата, а 23.808 преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
